Утрински Весник
Македонија

Зачестија пожарите на отворено во Струмичко

Зачестија пожарите на отворено во Струмичко

Струмица, 29 јуни 2020 (МИА) – За три дена во Струмичко се регистрирани три пожари на отворено во атарите на две соседни села-Баница и Водоча, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

-Во петокот, саботата и неделата учествувавме во гаснење на три пожари кои зафатија сува трева, грмушки, дрвја, пластеници и лозови насади. Вкупно во пожарите изгоре површина од три хектари, односно секој ден гореше по еден хектар, дополнуваат од ТППЕ-Струмица.

Пожарникарите апелираат до граѓаните да се воздржат од палење плевел и други растителни отпадоци, како и земјоделски отпад на земјоделско земјиште поради порастот на температурите во наредниов период. рт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клучна дебата вечерва во „Ноќно студио“: Колку е достапно лекувањето за македонските граѓани?

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг