Утрински Весник
Македонија

Втора фаза од тeрестричното прскање против комарци во Скопје

Утре ќе се изврши втора фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Втората фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и ларви од комарци, ќе се врши од утре, 29 јуни до 3 јули, во време од 22 до 23 часот, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, велат, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со картички влегувале во трезорот: Давор Мацура и двајца вработени уапсени поради сомнежи за 383 милиони евра

Лукаревска: Бараме итна надзорна расправа за Алта банка и одговорност за измамата на граѓаните

Бомби, пиштол и дрога најдени кај 33 годишен скопјанец