Утрински Весник
Македонија

Касами: Дојдено е времето ДУИ да оди во опозиција и да дојде нова политичка елита која ќе се грижи за интересите на граѓаните

Касами: Дојдено е времето ДУИ да оди во опозиција и да дојде нова политичка елита која ќе се грижи за интересите на граѓаните

Гостивар, 28 јуни 2020 (МИА) – Биљал Касами, лидерот на движењето Беса и носител на листата на коалицијата „Можеме“ за Шестата изборна единица, вечерва се обрати на собири во населбата Ново Маало во Гостивар и во селото Здуње. Во обраќањето пред сопартијците во Гостивар, Касами рече дека овие избори се важни, бидејќи како што нагласи со нив ќе се симне од власт политичка партија која изминативе години вршела големи злоупотреби.

– Сакаме да испратиме пораката дека е веќе дојдено време конечно ДУИ да оди во опозиција. Ова поради фактот што тие повеќе од 18 години успеаја да ги злоупотребат државните позиции во нивен личен интерес, во нивно лично збогатување и на членови на нивните фамилии. Затоа сега ја имате таа можност, со тоа што ќе гласате за бројот „3“, ќе гласате за движењето Беса и за коалицијата „Можеме“ и да донесете на власт една нова елита на политичари кои ќе се грижат за вашите интереси, ќе се грижат пред сè за вашето здравје, за вашата добра иднина. Ние ви гарантираме дека можеме да се грижиме за вашата економија и за вашите интереси, рече Касами.

На собирот во гостиварската населба Ново Маало, кој се одвиваше според пропишаните протоколи за заштита од ширење на корона вирусот, зборуваа и кандидатите за пратеници Фадиљ Зендели, Абдуш Демири, Фљорие Синани и шефот на изборниот штаб Џеваир Мифтари. згм/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Чупеска: Интеркултурализмот е следниот чекор по Охридскиот договор

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат на СДС и ДУИ, реформи мора да има