Утрински Весник
Македонија

Царовска: Државата на младите ќе им нуди до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис

Царовска: Државата на младите ќе им нуди до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис

Македонски Брод, 28 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска и кандидатката за пратеничка од Македонски Брод Анета Симеска Димоска денес со младите од Македонски Брод разговараа за се она што го нуди програмата на коалицијата Можеме за претстојните избори, но и за она што е направено за младите изминатиот период.

– Државата ќе нуди грантови до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис, а ќе ги ослободиме од плаќање и сите новоформирани компании под 29 години и жени”, рече Царовска.

Изминатиот период направивме многу за јакнење на младите. Воведовме младинска гаранција со која ја зголемуваме вработливоста на млади лица.

– Воведовме младински додаток и околу 6.000 лица вработени во производствената дејност веќе неколку месеци земаат по 3.000 денари плус на плата”, рече Царовска.

Царовска истакна дека Социјал-демократскиот сојуз е партијата којашто вистински се грижи за младите и ги повика да гласаат за коалицијата „Можеме“ на 15 јули.оџ/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии 

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение