Утрински Весник
Македонија

Димитров: Коалицијата „Можеме“ на СДСМ води напред, кон повисока минимална и просечна плата, повисоки пензии и грижа за сите

Димитров: Коалицијата „Можеме“ на СДСМ води напред, кон повисока минимална и просечна плата, повисоки пензии и грижа за сите

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – На 15 јули имаме клучен историски избор, дали сакаме да одиме напред кон Европа или сакаме да се враќаме назад кон кичот и кон фасадната политика, изјави денеска носителот на листата во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров.

Успеавме да влеземе во НАТО, порача тој и покажавме дека можеме.

– Доста бевме жртва. Сакаме Европа да ја донесеме дома. Што значи тоа за македонските граѓани коишто ќе гласаат на 15 јули? Тоа значи: повеќе нормалност, повеќе ред, повеќе правда, подобар економски стандард, повисока просечна плата, повисока минимална плата, повисоки пензии, изјави Димитров.

Европа дома, посочи Димиртров, значи и еколошка држава: казни за загадувачите, триплиран бројот на еко-инспектори, во секоја општина комунална еко-полиција со надзор од 24 часа, сто милиони евра субвенции за добри еколошки филтри на индустриските капацитети.

– Меѓу другото и државните институции ќе ги направиме еколошки, енергетски ќе се снабдуваат со топлинска енергија, изјави Димитров. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот