Скопје, 28 јуни 2020
Ако имаше правна држава Шекеринска ќе беше распитувана за Рекет, а Заев ќе одговараше за случајот „Евро за Вицето“.
Радмила Шекеринска пак само пред избори најавува реформи во правосудниот систем. Крајно лицемерие. Граѓаните видоа дека во овие три години реформите во судството беа сведени на „трас трас“ одлуки, Луј Витон правда и најголемиот апсурд виде во светот, аболициран човек за кој во моментот се водеше судска постапка да биде на чело на телото за реформи во судство, како во случајот со Зоран Заев.
Судството велеа дека е отворено како пупка дури се носеа ослободителни пресуди за Заев, укор за Дудуш поради физичко насилство, смешна пресуда за шверцерот-градоначалник Боро Марлборо и слични други апсурдни случаи.
Ако имаше правна држава, а не хибриден режим во Македонија во овие три години прво Заев немаше да биде ослободен за случајот „Евро за Вицето“, а и Радмила Шекеринска ќе беше повикана барем на распит да ги објасни своите вечерни сеанси со обвинетиот во случајот Рекет.
Радмила, џабе зборуваш за правда, кога твојата власт и лидер се синоним за пазарење со правдата во замена за милиони евра во торби, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран Заев.
Се што вети на народот во 2016 се излажа, сега тоа што го зборуваш никој не го верува. Доаѓа време кога ќе има одговорност.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.