Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Ќе направиме шпалир за Ливерпул, го заслужуваат тоа

Гвардиола: Клоп е неверојатен противник со кого треба да се борите до крај

Манчестер, 28 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди за британските медиуми дека „граѓаните“ ќе организираат шампионски шпалир за Ливерпул по повод освојување на титулата, а тоа ќе се случи на натпреварот помеѓу двата тима на „Етихад“, кој е дел од 32- рунда од Премиер Лигата.

– Секако дека ќе направиме шпалир. Тие го заслужуваат тоа, прокоментира Гвардиола.

Натпреварот Манчестер Сити – Ливерпул ќе се одигра на 2 јули (четврток).

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар