Утрински Весник
Македонија

Димитров од Центар: 100 милиони евра субвенции за филтри на индустриски капацитети, бесплатни еко-инвентори за 60 000 домаќинства 

Димитров од Центар: 100 милиони евра субвенции за филтри на индустриски капацитети, бесплатни еко-инвентори за 60 000 домаќинства 

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – На трибината во општина Центар, синоќа граѓаните имаа можност да разговараат со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката Мила Царовска, кандидатот за пратеник Горан Мисовски и носителот на листата во Изборната единица 1 Никола Димитров.

Димитров презентираше дел од конкретните мерки од програмата на коалицијата „Можеме“, а се однесуваат токму на решавање на долгогодишниот проблем со квалитетот на воздухот како што се многу поригорозна контрола на индустријата и во однос на казни кои треба да се зголемат трикратно и во однос на организација, систем и број на еко-инспектори. Предвидено е, нагласи тој, во секоја општина да има комунална служба којашто ќе работи 24 часа. Дронско набљудување на диви депонии, палење на отпад и сл.

– Шеесет илјади домаќинства ќе добијат бесплатни еко-инвертори за да се замени греењето на дрва, додека пак 100 000 000 евра се предвидени како субвенции за бизнис секторот во однос на нивните филтри, но субвенции ќе има и за домаќинствата, рече Димитров, уште еднаш потсетувајќи дека токму оваа област ќе биде многу важно прашање за пристапните преговори со ЕУ каде ќе има конкретни рокови, но и финансиска поддршка за овие проекти предвидени во програмата на „Можеме“.

Димитров од граѓанската трибина упати порака дека бројот 3 е бројот што ја носи нашата држава напред на овие избори. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна