Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Грчкиот православн сајт Ромфеа.гр денеска на насловната страница ја пренесува информацијата за изборот на игуменот на Бигорскиот манастир, архимадрит Партениј, за нов епискот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Ромфе.гр наведува дека отец Партениј бил избран за викарен епископ од Светиот синод на МПЦ-ОА на предлог на митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј, и дека ќе ја носи титулата епископ „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште.
Се најавува и хиротонијата на епископот Партениј на 12 јули во храмот Света Софија во Охрид
Ромфеа.гр напоменува и дека новиот епископ и игумен на Бигорскиот манастир бил духовно чедо на упокоениот архимандрит Георгиј Капсанис, поранешниот игуман на светогорскиот манастир Григоријат и оти одржува одлични односи со Света Гора и со архиереите на Вселенската патријаршија и на Грчката православна црква.
Во текстот за отец Партениј се нагласува и, како што се наведува, радосниот пречек што му го приредило монашкото братство во Бигорскиот манастир по неговиот избор за епископ.
Ова е втор афирмативен текст за случувањата во МПЦ-ОА што во изминатите десеттина дена ги објавува овој грчки православен сајт.
Ромфеа. гр неодамна опширно ја пренесе изјавата на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар дека Вселенската патријаршија како мајка црква е единствено надлежна за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, и оти Цариград веќе го разгледува тоа прашање.са/