Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 17 мигранти кај клучката за Радовиш

Државата нема да дозволи влез на мигранти, транзитот повеќе не е опција

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш синоќа околу 21.00 часот  од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

– Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него, соопштија денеска од МВР.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла

Ни следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници