Утрински Весник
Македонија

Интензивно се работи на изградба на тротоарите на главната улица во Крива Паланка

Интензивно се работи на изградба на тротоарите на главната улица во Крива Паланка
Dik 300x250 mk

Крива Паланка, 27 јуни 2020 (МИА) – Интензивирани се градежните активности за изградба на новите тротоари на главната улица „св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, кои се поставуваат по десната страна на коловозот почнувајќи од клучката со магистралата А2, на влезот на градот.

-Теренот е подготвен во земјената фаза, отстранета е постојната подлога, се поставуваат нови рабници низ целиот опфат на предвидената површина која е проектирано да се реконструира и да се постави бекатон-тротоарска површина во должина од околу 2.8 километри долж главната сообраќајница. Проектот е со вкупна вредност од околу десет милиони денари, средства обезбедени преку Бирото за регионален развој на РС Македонија, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка,, Борјанчо Мицевски.

Со изградбата на торотоарите ќе се зголеми безбедноста на граѓаните и ќе се урбанизира целосно овој потег од главната улица. ид/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!

Тешка телесна повреда при семејно насилство во Петровец