Утрински Весник
Политички Партии

Силјановска Давкова: Мора да се воспостави владеење на правото, ако сакаме просперитет

Силјановска Давкова: Мора да се воспостави владеење на правото, ако сакаме просперитет

 

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Мора да се воспостави владеење на правото, тоа е есенцијата, ако сакаме просперитет, порача Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за пратеници во ИЕ 1 на средба со граѓани во Кисела Вода.

Таа кажа дека по 15 јули доаѓа крај на незаконието и криминалот и посочи дека во предизборието има кршења на Изборниот законик.

– Во Изборниот законик пишува дека од денот на објавувањето на изборите, до денот на завршувањето на изборите, не смее да се отвораат инфраструктурни објекти, патишта, не може да се делат субвенции, не може да се покачуваат плати и пензии, а сега гледаме дека се исплаќаат субвенции во очи избори, во надеж дека граѓаните се со кратка меморија и ќе заборават на неработата, сиромаштијата и криминалот, кажа Силјановска Давкова.

Истакна дека е потребно воспоставување систем на вредности и почитивање на законите, и оти тоа се работи на кои се обврзува колаицијата што таа ја претставува.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт