Утрински Весник
Македонија

Изјава на Цветан Трипуновски за ажурирањето на податоците на катастарските парцели во СИЗИП и ЕРЗС

Изјава на дополнителниот заменик-министер Трипуновски

Скопје, 26 јуни 2020 

Власта си поигрува со земјоделците и нивната мака. Цела година помина, а само 30% од податоците за ажурирање на катастарските парцели во СИЗИП и ЕРЗС е завршено.

Крајниот рок за ажурирање на податоците е 30 јуни. Власта има уште 5 дена, а цели 70% за ажурирање. Ова е доказ за неспособноста на менаџментот на МЗШВ. Заради кои земјоделците ќе останат без субвенции.

Што правеше власта цела година и зошто се доцни со ажурирањето на податоците?!

Дополнително треба да имаме во предвид дека креирање на е – Барања за директни плаќања од Програмата за 2020 година е до 31 јули 2020 година.

Роковите притискаат, а СДСМ се неспособни.

Мора итно да биде продолжен рокот за ажурирање, но истовремено и да се утврди одговорност за ова доцнење и ненавремено извршување на задачите и тоа кај раководните лица во МЗШВ.

Земјоделците не се должни да ја трпат неработата на пајташите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, кои ги плаќаат од својот џеб за да работат за нив, а не за партијата.

Уште еднаш потенцирам, дека за ваквиот тип на неработа одговорност со сиугурност ќе биде побарана по промената на власта. Никој не смее да си поигрува со земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, план за обнова на земјоделието.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Кабинет на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната

ВЛЕН: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка