Утрински Весник
Спорт

Алкантара се збогуваше од своите партнери од Баерн

Алкантара е близу до продолжување на договорот со Баерн

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара им кажа збогум на соиграчите, објави „Сан“.

Според изворот, 29-годишниот Шпанец се сретнал со партнерите во тимот на Минхен за да се збогува со нив пред да замине за Англија, каде играчот планира да ја продолжи кариера.

Претходно беше објавено дека Алкантара не го обновува договорот со Баерн и има намера да се пресели во Ливерпул.

Во сезоната 2019/20, фудбалерот одигра 35 натпревари за Баерн, на негова сметка се три гола и две асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Шпанецот на 48 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија