Утрински Весник
Македонија

Касами: Ќе се грижиме за културното наследство

Касами: Ќе се грижиме за културното наследство

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Како Движење Беса ќе се грижиме за културното наследство, ќе се грижиме и за зелените места, за сите граѓани на Тетово и за сите граѓани на Северна Македонија. Ќe се грижиме да имаме достоинствeн живот што го заслужуваат сите граѓани, изјави денеска лидерот на Движењето Беса, Билал Касами.

Како што соопшти Беса, Касами гарантира дека преку коалицијата „Можеме“ ќе ја направат Шар Планина привлечно туристичко место, а не само Попова Шапка којашто заостанува и во јавните и во приватните инвестиции.

-Им нудиме на граѓаните на Северна Македонија, на граѓаните Албанци и на сите други, живот близoк дo животните услови нa државите на ЕУ а со тоа  младината ќе ја најде својата иднина овде, во својата татковина. Да не ја гледаат нивната судбина на улиците на Европа, затоа што народна поговорка вели „Kаменoт тежи на свое тлo“, изјави Касами. лв/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата донесе одлука за отворање Генерален конзулат во Корча, Албанија

Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – изгласана интерпелацијата поднесена од Левица

Владата по изгласаната интерпелација на Коцевски: Очекуваме оставка, правдата нема цена