Утрински Весник
Македонија

Намален бројот на пожари во Пијанец

Намален бројот на пожари во Пијанец

Делчево, 26 јуни 2020 (МИА) – Намален е бројот на пожари во Пијанец. Од почетокот на годинава до јуни, од Територијалната противпожарна единица Делчево известуваат дека бројот на пожари е сведен на минимум, за разлика до минатата година кога пожарите беа најизразени особено на отворен простор.

– Годинава бележиме значително помал број на пожари, за разлика од минатата година кога изгоре поголема површина на дабова и борова шума. Од почетокот на годинава имавме мал број интервенции како на отворен простор, така и на објекти. Во последните два месеци бележиме поголем број на интервенции во затворен простор, при што две од интервенциите беа во запалени објекти од плинска боца, информираа од ТППЕ Делчево.

Во меѓувреме, додаваат, завршија обуките за припадниците на Просторните сили, кои ќе им бидат поддршка во случај на појава на евентуални огнени стихии.

– Обуките успешно ги поминаа 18 лица меќу кои и една припадничка на понежниот пол. Обуките се состоеја во показни вежби, кои ќе им послужат на припадниците на Просторните сили во случај на појава на шумски пожар и пожар на тревнати површини, додадоа од ТППЕ Делчево.

Во ек на летните горештини од Територијалната противпожарна единица апелираа граѓаните да ги почитуваат препораките за движење на отворено и притоа да избегнуваат палење оган на отворено. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?