Скопје, 26 јуни 2020
Носителот на изборна единица 2 и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес оствари седба со пензионерите од општина Бутел, каде што истакна дека во изборната програма Обнова за Македонија е предвидено зголемување на пензиите.
ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижело за пензионерите, секогаш биле приоритет и се надевам дека со новата програма „Обнова за Македонија“ набрзо тоа ќе го почувствуваат со зголемување на вашите пензии, вели Мисајловски.
Мисајловски ја побара поддршката од пензионерите повикувајќи ги да излезат и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија, за заедно да ја променат оваа власт.
Сакам да ве замолам сите вас да излезите на 15 јули и да ни дадете поддршка. Да издржиме и да ја промениме оваа власт, бидејќи спротивно нема да се зголемат пензиите, нема да се даваат оние субвенции кои што се давале претходно. Во нашата програма посебно како целна група се предвидени проекти за вас пензионерите. Но, јас не ве гледам само како пензионери, туку како луѓе кои што можете да ни дадете шанса за ние помладите да работиме за вас.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски на средба со пензионерите од Општина Бутел
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.