Утрински Весник
Спорт

Робертсон: Имаме победнички менталитет

Робертсон пред реваншот со Атлетико: Ситуацијата е живот или смрт
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ливерпул, 26 јуни 2020 (МИА) – Левиот бек на Ливерпул, Ендру Робертсон смета дека менталитетот на тимот е големиот фактор што го одредува успехот на „црвените“ во последните две години.

Шкотланѓанецот посочува на фактот дека по секој неуспех, екипата се мобилизира до крај и потоа успева да го земе она што претходно го изгубила. Тоа беше поразот во финалето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, по што Ливерпул триумфираше на турнирот една година подоцна.

Истата работа се случи и со титулата во Премиер лигата, за која на „црвените“ им фалеше само еден бод минатата сезона, но годинава триумфираа со огромно водство.

– Тоа е менталитетот на овој тим. Ја освоивме Лигата на шампионите минатото лето и не можам да кажам дека не бев среќен што сум крунисан со овој медал. Но, повеќето од нас се чувствуваа како да можевме да постигнеме повеќе. Можеше да биде дубл, да ја освоиме и титулата. Влеговме во новата сезона со овој став, покажавме дека неуспесите можат да нè одведат напред, затоа што загубивме едно финале во Лигата на шампионите, но следната сезона ја освоивме. Ја загубивме титулата во Премиер лигата, за еден бод и ја освоивме следната сезона, рече Робертсон.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски нов селектор на Македонија

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро