Утрински Весник
Политички Партии

Николовски: Со членството во ЕУ и НАТО инфраструктурниот бум на СДСМ продолжува, се гради насекаде како никогаш

Николовски: Со членството во ЕУ и НАТО инфраструктурниот бум на СДСМ продолжува, се гради насекаде како никогаш

 

Скопје, 26 јуни 2020
Навистина е убаво чувството кога гледам како се гради, како се работи низ целиот Источен регион.
Денес сме овде на патниот правец Пробиштип-Крупиште, кој е во завршна фаза на реконструкција и рехабилитација.
Со овој проект, жителите на Пробиштип ги поврзуваме со Штип, со Кочани, но и со граничниот премин со Бугарија, кај Делчево.
Патувајте, поврзувајте се, нека се развива економијата, стопанството, нека се развива трговијата.
За овој пат инвестирани се нешто повеќе од 3,4 милиони евра, замислете колку вакви патишта буквално „изеде“ ВМРО-ДПМНЕ во Белата палата, во лажен барок, во жални врби.
Ние инвестираме, градиме, вложуваме во подобар живот за граѓаните.
Го реконструираме регионалниот пат Злетово – Пробиштип, го санираме свлечиштето на регионалниот пат Кратово – Пробиштип. За развој на локалната патна инфраструктура за општина Пробиштип вложуваме над 800 илјади евра.
Ќе ја санираме и ќе ја уредиме старата депонија во Пробиштип.
Украдоа милијарди, а не сакаа да ја покачат минималната плата ни денар. Ја држеа на срамни 9.000 денари.
СДСМ за само две и пол години ја покачи минималната плата на 14.500 денари. Тоа се 1.100 евра годишно повеќе. И таа плата уште ќе расте.
Ние работиме за граѓаните. Затоа градиме, градиме на Истокот, го поврзуваме со сите делови од државата и со соседните земји.
Ги враќаме парите кај граѓаните. Нема граѓанин, на кој за последниве две и пол години не му се покачени приходите.
Ја намаливме невработеноста и уште ќе ја намалуваме. Работа ќе има за сите.
12.000 стечајци добија  месечен приход од 8.000 денари до пензионирање, социјалната помош порасна за 300 проценти, се прошири опфатот од 24.000 на 36.000 граѓани.
Ги враќаме парите кај граѓаните во буквална смисла!
Ќе живееме во напредна економски стабилна и просперитетна европска држава. Кога се работи одговорно, домаќински и паметно, пари има за сите и за се.
Станавме членка на НАТО, ќе станеме и членка на ЕУ.
Тоа се повеќе пари за справување со коронакризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Тоа се европски пари за европски стандарди дома. За достоен живот за сите нас!
Со СДСМ тоа е возможно, со ВМРО-ДПМНЕ можна е само обнова на режимот и изолација.
Затоа, на 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО.
На 15 јули одиме на сигурна победа и чист мандат за СДСМ и Коалицијата Можеме.
Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3
Центар за односи со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт