Утрински Весник
Македонија

За една година треба да се реконструира Офицерскиот дом во Велес – потпишан Договорот за јавно – приватно партнерство

На јавниот повик за јавно приватно партнерство на Офицерскиот дом во Велес се јавиле две заинтересирани компании
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 26 јуни 2020 (МИА) – За една година треба да се реконструира Официерскиот дом во Велес. Ова е предвидено со Договорот за јавно – приватно партнерство што го потпишаа Општината и Друштвото за проузводство, трговија и услуги „Нексус Компани” ДООЕЛ.

Како што информираат од Општина Велес, рокот на Договорот потпишан неделава е 20 години, а предвидува реконструкција, ревитализација, оперирање, управување и одржување на поранешниот Офицерски дом.

Годишниот концесиски надоместок е 5,44 милиони денари или 88.200 евра без ДДВ, што е пoстигнат на јавното наддавање одржано на 19 февруари 2020 година.

Во првите пет години приватниот партнер е ослободен од плаќање годишниот концесиски надоместок.

-Очекуваме дека за помалку од една година, Офицерскиот дом, некогашното култно место на генерации велешани, во ново руво и со многу содржини повторно ќе биде омилено место за голем број гости од Велес, од регионот и од земјата, потенцираат од Општина Велес. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителството истражува татко и син од Богородица за трговија со марихуана

Мицкоски: За успешна имплементација на реформската агенда, мораме да ја завршиме домашната задача

Повреден возач во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово