Утрински Весник
Македонија

„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – ХОПС – Опции за здрав живот денеска организира онлајн дискусија насловена „Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“, како дел од кампањата Support. Don,t Punish.

Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги, колку животи спасуваат овие програми, дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање, дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои Министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството, се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани на онлајн разговорот.

Како што е најавено, на дискусијата ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во ХОПС, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и правничката и адвокатката Наташа Бошкова како модератор. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Излезноста до 11 часот во Брвеница изнесува 13,82 отсто – зголемена во однос на првиот круг

МВР со детали за тепачката меѓу навивачките групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено

Шест возачи приведени, дел од нив пијани, без дозвола или возеле во спротивна насока