Утрински Весник
Македонија

Антикорупциска смета дека нема правни пречки за разрешувањето на Зибери

Антикорупциска смета дека нема правни пречки за разрешувањето на Зибери
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Антикорупциската комисија смета дека нема правни пречки за разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери што денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Како Комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот дотолку повеќе што во забраните во Изборниот законик, а и во нашиот закон, стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор. Законот вели дека е забрането започнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос, а не за престанок на функција, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во изјава за Канал 5 телевизија.

Министерот Венко Филипче денеска ја демантираше изјавата на Зибери дека влијаел во одлуката да се отворат границите без никакви ограничувања и најави дека ќе се консултира со правници доколку е можно во овој изборен период да се разреши Зибери . бак/ бк/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре