Утрински Весник
Македонија

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Филипче: Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил упати отворена порака до директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери во која порачува дека нема да дозволи политичко поентирање на сметка на епидемијата.

– Tоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини и да ја поткопувате работата и одлуките на Комисијата за заразни болести. Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете, напиша Филипче, додавајќи дека изјавата на Зибери е неточна, штетна и пред се неколегијална.

Моја должност како министер, вели Филипче, меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки.

–  Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата, истакнува Филипче. бак/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија