Куманово, 25 јуни 2020 (МИА) – Носителот на листата од Изборната единица 2 од ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски и кандидатите за пратеници од Куманово, денеска ја посетија индустриската зона Речица. Мисајловски истакна дека иако СДСМ на општинско ниво владеат со години не се вложуваат средства во изградба на зони кои привлекле странски инвестиции.
– Но, нема капитални инвестиции, на ова место одзади мене требаше да има десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваат голема индустриска зона и овој градоначалник и претходниот и централни влади. Јас кога бев министер за транспорт овде се започна една постапка и се обезбедија средства и за индустриска зона да се испроектира, бидејќи без тоа не може, но гледам дека после тоа ништо не е направено. Ако сакаме граѓаните на Куманово да останат тука во Куманово да работат и да имаат добри примања нас ни требаат странски инвестиции, а не само сува реторика. СДСМ тоа постојано го прави со нивните ветувања дека ќе направат живот за сите дека навистина ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга. Реалноста е ова зад мене што го гледате, дека нема странска инвестиција. Добро е што некоја мала инвестиција може ќе се направи тука во Куманово, кумановци сакаат да живеат тука и нивните деца сакаат да им останат тука, но да не заборавиме дека Куманово е еден од најголемите градови во Македонија, може да кажам најголем после Скопје, каде што нема доволно инфраструктура, проекти работни места и слично-изјази Мисајловски.
ВМРО ДПМНЕ, додава тој ќе оди со позитивна кампања, ќе разговара со граѓаните и во рамки на кампањата „Обнова за Македонија“, потенцира Мисајловски, секој граѓанин мое да се најде. Кандидатот за пратеник од Куманово, Бране Петрушевски изјави дека на ова место нема индустриска зона туку полјана со зеленило и најави дека ВМРО ДПМНЕ има сериозни проекти за инвестиции во Куманово.
-Оваа индустриска зона во инфраструктурна потреба што треба да се заврши и она што е бренд на ВМРО, да дадеме максимален напор да привлечеме странски инвеститори кои ќе овозможат работни места.-изјави Петрушевски. ам/ир