Утрински Весник
Македонија

САС на МПЦ-ОА: Мерките за заштита од КОВИД-19 треба да бидат еднакви за сите граѓани и институции во државата

САС на МПЦ-ОА: Уште од почеток на пандемијата апелираме да се почитуваат препораките за заштита

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), заедно со свештенослужителите и верниот народ, уште еднаш покажаа дека ги почитуваат институциите на државата и придонесуваат во заедничката борба против заразната болест, за општото здравје на сите, но за да се избориме со ваквата заразна болест треба мерките да бидат почитувани од сите и еднакви за сите граѓани и институции на државата.

Ова го порача Светиот архијерејски синод (САС) на МПЦ – ОА по денеска одржаната редовна седница на која разгледа повеќе прашања од тековниот живот на Црквата, а како што соопшти канцеларијата на САС на МПЦ – ОА, особено внимание посвети на „реакциите на верниот народ на МПЦ – ОА, кој беше спречен да ги посети вечните почивалишта на нивните ближни за Духовденската задушница, иако беа преземени сите пропишани мерки за заштита, предвидени од здравствените институции“.

– Во таа насока, повикот од одредени општествени фактори за непочитување на мерките од страна на одредени личности и настани од тековниот молитвен живот на МПЦ – ОА, ги сметаме како неосновани. Надевајќи се на Божјата милост за поскоро избавување од злото на вирусот препорачуваме сите одговорно да ги почитуваме мерките на здрав-ствените институции, велат од САС на МПЦ – ОА. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Владата ќе дава отчет за првата година од мандатот

МВР: Левица имаат за цел да ја дезинформираат јавноста