Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (/) – Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл потпишале договор со њујоршката Агенција „Хари Вокер“, која организира сценски настапи од таков вид и работи со доста звучни имиња, како – Барак и Мишел Обама, Бил и Хилари Клинтон и телевизиската ѕвезда Опра Винфри.
Тоа е еден од поголемите чекори што ги презедоа поранешните војвода и војвотка од Сасекс во однос на финансиската независност, откако во јануари објавија дека ќе ги напуштат должностите во британското кралско семејство за да имаат свој независен живот во Северна Америка. Така, тие потоа прво се преселија во Канада, а сега живеат во Лос Анџелес, САД. Со нив е и нивниот едногодишен син Арчи.
Тие двајцата ќе држат говори заедно, но и индивидуално, велат луѓе запознаени со нивните планови. Во своите говори, принцот Хари ќе се осврне на теми како што се расната неправда, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и психичкото здравје – теми важни за него самиот.
Најпознатите имиња кои се занимаваат со ваков вид настапи, можат да заработат и до 100.000 долари по настап. си/ми/