Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (/) – Пејачката и глумица Мајли Сајрус, која, пред само неколку години се фалеше дека „секогаш е ’надувана‘,“ сега тврди дека веќе шест месеци е без алкохол и дрога.
Таа кон крајот на минатата година беше подложена на операција на гласните жици. Тогаш таа ги оставила пороците настрана, но и решила така да остане…
– На почетокот, стануваше збор само за таа операција… Но, тогаш се осврнав на себе и на семејната историја околу трезвеноста. Јас почнав темелно да го истраувам тоа и открив дека овде има многу предизвици околу зависноста и психичкото здравје, вели таа во интервју за „Варајети“.
Така, Сајрус одлучила да остане трезна.
– Со разбирање на минатото, јасно ја разбираме и сегашноста и иднината. Мислам дека тоа е одлична терапија, додава таа. си/