Утрински Весник
Економија

Фондот за пензиско до утре ќе испрати податоци за исплата на пензиите за јуни до банките

Фондот за пензиско до утре ќе испрати податоци за исплата на пензиите за јуни до банките

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, информира дека податоците за исплата на пензиите за месец јуни до сите деловни банки ќе ги испрати најдоцна до утре и препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи.

Првата група, како што наведуваат,  која опфаќа исплата на пензија во висина до 11.000 денари, ќе се врши в петок на 26 јуни 2020, втора група е исплата на пензија во висина од 11.001 денар до 14.000 денари и ќе се врши во понеделник, 29 јуни, трета група за исплата на пензија во висина од 14.001 денар до 18.000 денари, во вторник, на  30 јуни и четврта група-исплата на пензија во висина од над 18.001 денар, во среда, на 1 јули. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ММФ: Значително ќе забави светската економија

Одржана седница на Советот на Народната банка: Усвоен Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Синдикалната кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари