Утрински Весник
Македонија

Ново јавно осветлување со ЛЕД светилки за сите населени места во Чешиново-Облешево

Ново јавно осветлување со ЛЕД светилки за сите населени места во Чешиново-Облешево

Кочани, 24 јуни 2020 (МИА) – Сите населени места во Општина Чешиново-Облешево ќе добијат современо ЛЕД јавно осветлување со проектот што од денеска почна да го спроведува локалната самоуправа. За проектот е обезбеди грант од околу 450 илјади евра преку Регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија.

Промената на досегашното класично осветлување е според ЕСКО модел за јавно-приватно партнерство со АД „Македонски телеком“, при што ќе се постават околу 1.300 светилки во 14 села во Општината.

-Станува збор за нов модел на висококвалитетна ЛЕД технологија за улично осветлување, со него ќе се овозможи значителна заштеда на електрична енергија, а ќе се намалат и нашите трошоци за одржување поради подолгиот животен век на светилките. Благодарение на Регионалната програма за енергетска ефикасност чиј фокус за поддршка е јавниот сектор, добивме помош преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а за што се обезбедени финансиски средства од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, истакна градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Договорот за јавно-приватно партнерство со „Македонски телеком“ е за период од 12 години, а инсталирањето на новото јавно осветлување ќе се врши сукцесивно. та/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор