Утрински Весник
Македонија

Предлог-казни од по 2.000 и 2.500 евра за 70 лица во Скопје за непочитување на полицискиот час

Казнени налози за 13 скопјани, не го почитувале полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2.000 и 2.500 евра против вкупно 70 лица за непочитување на полицискиот час.

– Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Имено, во издвоени кривично-правни настани тие биле затекнати како се движат без дозвола на различни локации во градот, за време на полицискиот час, стои во соопштението од ОЈО.

Ценејќи ги сите околности во предметите, надлежните јавни обвинители за 69 обвинети предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра, додека за едно лице е предложена казна од 100 дневни глоби од по 25 евра во денарска противвредност.​

Сите се обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!