Скопје, 24 јуни 2020
Лажни вести, деструкција, политикантство, лажен патриотизам и лажна загриженост за здравјето на граѓаните нуди фејк њуз партијата ВМРО-ДПМНЕ на овие избори.
Нивната Обнова е обнова на режим под палка на бегалецот Никола Груевски.
ВМРО ДПМНЕ отворено се залага да ги врати мрачните времиња кога парите на народот завршуваа во нивните џебови, кога тие се богатеа додека државата тонеше во сиромаштија, кога во затвор праќаа новинаеи, контролираа и затвораа медиуми.
Непријателите на демократијата, ВМРО ДПМНЕ, љубители на режим, антидржавни квази политичари, без нималку срам бараат доверба од граѓаните на кои последните месеци свесно им го загрозуваат здравјето.
Кршат мерки и закони, во име на кампањата се ракуваат со деца, без нималку грижа, мислејќи само на политичките евтини поени.
Од партија водена од незрел и неодговрен политичар, од партија заглавена во режимска матрица ништо друго и не може да се очекува.
ВМРО ДПМНЕ нема ниту сила, ниту знаење, ниту пак желба да ја носи државата напред.
Тие сакаат изолирана држава и свесно работат на загрозување на евроинтегративниот процес, за да може да продолжат за крадат и да се богатат.
ВМРО ДПМНЕ и нивниот лажен патриотизам се опасност за државата.
Граѓаните заслужуваат подобро.
На 15 јули граѓаните ќе го казнат неодговорното, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со што и ќе се стави крај на остатоците од режимот.
На 15 јули, граѓаните ќе застанат зад одговорните политики на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ кои ја носат државата на прав пат.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки