Утрински Весник
Македонија

Се прават обиди да се расчисти Тетово-Јажинце од наноси

Се прават обиди да се расчисти Тетово-Јажинце од наноси
Dik 300x250 mk

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) – Екипи на „Македонија пат“ и на Центарот за управување со кризи се обидуваат да го оспособат регионалниот и меѓународен патен правец Тетово-Јажинце за сообраќај, по ноќешното излевање на Габровска река кај селото Доброште, како и поради наноси од кал, камења и дрвја на коловозната лента. Патот е во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.

-Работиме со две машини за утовар на наносите на камиони. Екипи на ЦУК се обидуваат да го регулираат коритото на реката со цел да има проодност на надојдената вода и да нема излевање на патот, изјави Дејан Јовановски од тетовска секција на „Македонија пат“.

Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот сообраќај во Тетово го регулираат сообраќајот и не се дозволува движење од Тетово кон Доброште како и од Јажинце кон Одри. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Пратениците се согласија за нов Изборен законик

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер на местото на Изет Меџити, за животна средина не се знае