Утрински Весник
Сцена

Црномурестите глумци бараат намалување на инвестициите во полицијата

Црномурестите глумци бараат намалување на инвестициите во полицијата

Лос Анџелес, 24 јуни 2020 (/) – Повеќе од 300 црномурести глумци и продуценти, меѓу коишто и Идрис Елба, Квин Латифа и Били Портер, вчера побараа од Холивуд – наместо во полициски содржини и во полицијата, да вложи во антирасизмот.

Во отворено писмо, потписниците повикаа да се стави крај на величењето на полициското насилство. Тоа е објавено од групата „Холивуд за животите на црнците“, за време на судирите во САД поради масовните протести против полициската бруталност и системскиот расизам.

Од Холивуд е побарано да се престане со ангажманот на полицајци на сцената и поголем притисок врз градските власти во Лос Анџелес за да ги намалат инвестициите во полицијата. Тие исто така бараат во филмските студија да вработат повеќе црнци на извршните места.

Претходно овој месец, долгогодишните полициски ТВ-емисии „Полицијата во живо“ и „Полицајци“ беа откажани.

Истражување на Универзитетот на Калифорнија објавено во февруари открива дека глумците црнци имале 27,6 отсто од главните улоги во најпознатите филмови во 2019 година. Тоа е трипати повеќе отколку во 2011 година. Како што посочуваат официјалните податоци, раководителите на филмски студија биле 91 отсто белци, односно 82 насто мажи.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка