Утрински Весник
Спорт

Јуве и Барса се договорија за Артур

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Барселона, 23 јуни 2020 (МИА) – Шефовите на Јувентус и Барселона се ракуваа за трансферот на Артур во Торино вреден 80 милиони евра, тврди „Скај Спорт.“

Сепак, самиот фудбалер не дал согласност за договорот. 23-годишниот халф сака да остане на „Камп Ноу“ и покрај тоа што „бјанконерите“ му нудат сериозно покачување на платата.

Доколку се случи зделката, се тврди дека Артур ќе зема 5 милиони евра по сезона. Каталонскиот клуб се залага за трансферот да стане факт до 30 јуни за да го формира својот биланс на состојба за финансиската година.

Двата клуба ќе ги продолжат своите напори да го убедат играчот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот