Утрински Весник
Македонија

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни 32 лица

Во Дебар нов случај на Ковид-19

Дебар, 23 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие во Дебар регистриран е уште еден позитивен случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на ковид дјагностицирани се зголеми на 83, од нив само во последните дваесеттина дена 32 лица.

Од вкупниот број оздравени се 48, четворица починаа додека активни на болеста се 31,од нив четворица се хоспиталзирани во Инфектвната клиника и во болницата „8 Септември“ во Скопје, додека останатите се со полесна форма и се на домашно лекување.

По зголемиот број новозаразени Општинскиот Оперативен штаб на Дебар продолжува со мерките и активностите за подигање на свеста од опасноста на коронавирусот и подоследно почитување на препораките за спречување на неговото ширење.

Откако низ градот беше поставен едукативен материјал, денеска објави видео порака под мотото „Невидливиот непријател се појави кај нас“. Со пораки да се почитуваат препораките се јавуваат членовите на Штабот, кои се претставници на значајни институции, непосредно вклучени во справувањето со пандемијата, како и дебарскиот муфтија, а завршува со зборовите „со Божја помош и нашата грижа ќе се справиме со невидливиот непријател“.

Според проценката на надлежните здравствени работници, како што рече градоначалникот Хекуран Дука, се очекува зголемен број новозаразени.

Во Општата болница во Дебар веќе се подготвени две простории во случај на зголемен број заразени на кои ќе им биде потребно болничко лекување. Поставени се триесет кревети и апарат за кислородна поддршка што беа добиени од Министерството за здравство.вт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи