Скопје, 23 јуни 2020
Шекеринска го крие и брани рекетот на Ковачевски и лаже како нејзиниот шеф Зоран Заев
Откако СДСМ е на власт, три години немаме ниту една инвестиција во енергетиката.
СДСМ единствено што направи е поништување на набавката на механизација. За три години од нивно владеење фирми блиски на СДСМ нижеа милиони преку криминални тендери.
Таков пример имаме и со Васко Ковачевски, кој на незаконски начин ја избрка фирмата која не сакала да плати рекет од 250.000 евра и на нивно место преку договор во 4 очи тендерот го додели на фирмата СВ Инвест која е поврзана со Вице Заев.
Криминалот и злоупотребите во енергетиката наскоро ќе завршат
Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки