Утрински Весник
Економија

Олеснети условите за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби

Олеснети условите за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Владата даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите и се намалува надоместокот за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби.

На вчерашната 71-ва седница Владата ја намали висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.

Ова намалување на надоместокот, како што соопшти владината прес-служба, нема да ги намали приходите во буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство, туку напротив, ќе ги зголеми заради интересот на околу 100 физички лица и мали винарии да се регистрираат во регистарот на производители на вино. вј/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите

Повторно раст на цените на нафтата