Утрински Весник
Македонија

Макрадули во посета на Пробиштип 

Макрадули во посета на Пробиштип 

Штип, 22 јуни 2020 (МИА) – Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули  денеска беше во посета на институциите во Општина Пробиштип кои добија средства по повикот од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информираше дека на овој повик општината  доби средства за целосна замена на столаријата во ЈОУГД Гоце Делчев, објект Изворче, чијашто реализација е во завршна фаза, како и за хортиклутурно уредување на дворната површина во објектот Срничка, која ќе следи во периодов.

– За основното училиште „Никола Карев” се обезбедени средства за замена на системот за парно на нафта, дрва и јаглен во чилер систем на топлотни пумпи, со што се намалуваат  трошоците за греење, се подобруваат условите за настава во училиштето, но истовремено и најважно се намалуваат емисиите на штетни гасови и директно се подобрува животната средина, изјави Анастасов и се заблагодари на Владата и Министертсвото за животна средина и просторно планирање.

Тој  потенцираше дека продолжуваат да работат за подобрување на животната средина, како еден од врвните приоритети на општината. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори