Утрински Весник
Сцена

„Дамбо“ и „Книга за џунглата” цензурирани на ТВ-платформата „Скај“

„Дамбо“ и „Книга за џунглата” цензурирани на ТВ-платформата „Скај“

Лос Анџелес, 22 јуни 2020 (/) – Операторот за платена телевизија во САД, „Скај“ додаде предупредувања за „застарени содржини“ кон неколку филмови, меѓу кои и анимациите „Дамбо“ и „Книга за џунглата”.

Имено, при барање на овие класици на „Дизни”, сега прво се појавува предупредувачки натпис: „Овој филм содржи застарени видувања, говор и културни стереотипи и пресликувања коишто денес може да се сфатат како навредливи“.

Вкупно 16 филма од платформата на „Скај синема“ веќе го имаат тоа предупредување за гледачите.  Меѓу нив е и една друга детската класика – „The Goonies“ (Ѓаволчиња), од 1985 година. си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка