Утрински Весник
Македонија

Решенија за изолација за 566 грѓани изминатите 24 часа

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Петстотини шеесет и шест лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација .

-Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци, се додава во соопштението. ац/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен