Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за изградба на патишта

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот

 

Скопје, 22 јуни 2020 

СДСМ и Зоран Заев се наоѓаат во безизлезна ситуација. Стравот и хаосот се сместени на Бихаќка.

Тоа го покажуваат јаловите соопштенија полни со манипулации, лаги и нови ветувања кои нема да бидат исполнети.

Ветуваат нови патишта, а ќе исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 600 километри автопат итн.

На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа времето на просперитетот, работата, чесноста, трудот и исполнувањето на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот.

На 15-ти јули СДСМ и Зоран Заев одат на буништето на темната страна на политичката сцена и ќе одговараат за секој сторен криминал.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт