Утрински Весник
Спорт

Клоп по ремито со Евертон: Поголемиот дел од времето, Ливерпул доминираше, но противникот ја имаше најреалната шанса за гол

Клоп: Не можам да трошам по 300 милиони секоја година како Сити и ПСЖ

Ливерпул, 22 јуни 2020 (МИА) – По нерешените 0:0 на вчерашното градско дерби со Евертон, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците.

– Тоа беше вистинска борба. Двете екипи покажаа дека разбираат што е дербито. Интензивна игра со физичка борба, сите играчи беа во рамките на своите можности. Немавме доволно шанси, иако поголемиот дел од времето доминиравме. Тие ја имаа најреалната шанса да постигнат гол, изјави Клоп.

Евертон се бранеше многу добро, и не бевме доволно паметни за да го искористиме просторот. Фудбалот изгледа малку поразлично, но јас го разбирам овој факт, додаде германскиот стручњак.

Ливерпул е убедливо прв во Премиер лигата и му фалат уште пет бода во последните осум кола за да го обезбеди шампионскиот трофеј, прв пат по 30 години. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката