Утрински Весник
Спорт

Интер ја совлада Сампдорија и се зацврсти на третата позиција во Серија А

Лукаку не дозволи Јувентус да му „избега“ на Интер

Милано, 22 јуни 2020 (МИА) – Во мечот од 25. коло од фудбалскиот шампионатот на Италија, Интер синоќа на домашен терен ја совлада Сампдорија со 2:1.

Головите за домаќините ги постигнаа Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, додека за Сампдорија реализира Мортен Торзби.

Поради коронавирусот, средбата во Милано се одржа без навивачи.

Интер за прв пат победи на последните три натпревари и со 57 поени се зацврсти на третото место на табелата во Серија А. Сампдоријасо 26 бода е на 16. место. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград