Утрински Весник
Спорт

Многу значајна победа за Челзи на гостувањето кај Астон Вила

Многу значајна победа за Челзи на гостувањето кај Астон Вила

Бирмингем, 21 јуни 2020 (МИА) – Челзи оствари важна победа на гостувањето кај Астон Вила и ја зголеми разликата во однос на Манчестер јунајтед во борбата за 4. место кое носи пласман во Лигата на шампионите.

„Сините“ од Лондон попладнево во дуел од 30. коло до бодовите дојдоа со подобра игра во второто полувреме, откако по првиот дел имаа негатива. Најпрво Астон Вила поведе со голот на Кортни Хаус во 43. минута, изедначи Кристијан Пулишиќ во 60. минута, а конечните 2:1 ги постави Оливие Жиру во 62. минута.

Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со 82 бода, Манчестер сити има 60, Лестер 54, Челзи 51, Манчестер јунајтед и Вулверхемптон по 46,… зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката