Утрински Весник
Спорт

Штутгарт се враќа во Бундеслигата

Штутгарт се враќа во Бундеслигата

Нирнберг, 21 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерите на Штутгарт обезбедија враќање во првата Бундес лига. Тие денес во натпревар од 33. коло од Втората Бундеслигата го победија Нирнберг на гости со 6:0.

Главниот ривал на Штутгарт, екипата на Хамбургер загуби од Хајденхајм и со тоа ја загуби можноста за директен билет во елитната дивизија.

Благодарение на победата, Хајденхајм со еден бод повеќе изби на третото место.

Претходно, место во најквалитетното фудбалско првенство во Германија обезбеди Арминија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари