Утрински Весник
Македонија

Во Скопје активни 1 699 случаи со КОВИД-19

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат мерките за заштита
Dik 300x250 mk

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Од регистрираните нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.

Најголем број на активни случаи во Скопје, заклучно со вчера, и натаму се во општината Чаир- 384, потоа следат  Гази Баба со 153, Бутел со 140, Центар 133, по 130 во Аеродром и во Сарај, 114 во  Карпош. Во Кисела Вода има 95 активни КОВИД случаи, Ѓорче Петров – 77, Студеничани – 84, Шуто Оризари – 69, Арачиново – 55, Илинден – 30,  Сопиште -13, Петровец и Чучер Сандево по 12, Зелениково-2, четворица се странци и пет нераспределени.

Во целата држава има вкушпно 2 942 активни случаи, а вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5106. Оздравени се 1926 пациенти, а починати 238.ир/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!