Утрински Весник
Македонија

Планинари од спортскиот клуб ,,Голак” го искачија врвот ,,Бејаз Тепе” на планината Средна

Планинари од спортскиот клуб ,,Голак” го искачија врвот ,,Бејаз Тепе” на планината Средна

Делчево, 21 јуни 2020 (МИА) – Планинарскиот спортски клуб „Голак“ ја реализираше најавената клупска планинарска акција за искачување на врвот „Бејаз Тепе“ на планината Средна. Маршот, како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, се реализирал согласни препораките на Федерацијата за планинарство и Министерството за здравство за заштита од вирусот КОВИД-19.

– Врвот „Бејаз Тепе“ или Бела планина е врв висок 1348 метри надморска висина, кој се наоѓа на планината Средна во Општина Делчево. За реализација на маршрутата направивме две групи, една од 5 членов, а другата од 6 планинари кои одевме на растојание најмалку од 1,5 метар, освен на врвот каде се собравме сите, но држејќи растојание од најмалку 1,5 метри. Се движевме по комплетно маркирана патека, означена со инфо-табли и патокази, која ни беше проект финансиран од Општина Делчево, истакна Чучуковски.

Патеката како што додаде, е доста посетувана од поголем број на планинари, не само од Делчево, туку и пошироко од регионот и државата.

– Времето за време на планинарскиот марш беше идеално со температура од 23 степени, облачно и без ветар. Сите без проблеми го искачија врвот освен 2-ца планинари кои од оправдани причини останаа подолу под врвот, но на крај сите заедно се вративме назад, додаде Чучуковски.

Почетната точка на поаѓање на планинарите била во селото Нов Истевник, а вкупната должина на патеката со искачување до врвот Бејаз Тепе изнесувала 14,6 километри. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?