Скопје, 21 јуни 2020
На СДСМ најдобро им оди лажењето.
Зоран Заев и натаму ги лаже и ги манипулира македонските земјоделци.
Земјоделците како и сите останати граѓани се жртви на лошото владеење на СДСМ.
Стопанството и земјоделците моментално се соочуваат со милионски загуби.
Третиот пакет на мерки за земјоделието е класична манипулација станува збор средства наменети за зелена нафта кои се префрлени на ставка на неисплатени субвенции од претходните години.
Владата на СДСМ доцни со исплатата на субвенции од 2017, 2018 и 2019-та година, а чиста лага е дека помошта за зелената нафта е 50 проценти.
СДСМ вети 50 проценти поддршка за зелената нафта, а со уредба на Владата скратија 100 милиони денари од ставката и повторно помошта се сведе на 30 проценти.
На 15-ти јули ќе се стави крај на штетните активности на СДСМ и Зоран Заев.
Следи пораз на СДСМ.
Изборот е јасен. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.