Утрински Весник
Македонија

Прва трка од Ендуро шампионатот за 2020 над велешкото езеро „Младост“

Прва трка од Ендуро шампионатот за 2020 над велешкото езеро „Младост“

Велес, 18 јуни 2020 (МИА) – Во организација на Мото клубот „Мото-Велес“, во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМА) и Општина Велес, денеска ќе се одржи првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020 година.

Како што информира за МИА Сашко Ванов од Мото клубот „Мото Велес“, околу 50 учесници  од земјава ќе се натпреваруваат во класите  E1, E2, E3, и Велес Оф Роуд за возачи аматери.

Тој потенцира дека ќе ги почитуваат препораките на Агенцијата за млади и спорт за трка во услови на состојба на Ковид-19, додавајќи дека сепак се работи за индивидуален спорт каде нема контакти меѓу возачите.

Стартот на трката е во 11 часот, а околу 16 часот е предвидено прогласувањето на победниците во сите класи и категории.

Како што информира Ванов, ќе се возат четири круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде ќе се мери времето. ад/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци