Минхен, 20 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски постигна два гола на денешниот натпреварот од 33. коло од Германскиот фудбалски шампионат против Фрајбург. Со овие погодоци тој постави нов рекорд.
Според клупскиот Твитер, полскиот фудбалер е првиот странски играч кој постигнал 33 голови во Бундеслигата во една сезона.
Левандовски го надмина рекордот на екс-напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг, кој постигна 31 гол во една сезона.
Триесет и едногодишниот фудбалер оваа сезона одигра 41 натпревар за Баерн на сите натпреварувања, постигна 48 голови и забележа шест асистенции. зс/